Search

Смртни закани за Меси – откажан пријателскиот натпревар Израел-Аргентина

Пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Израел и Аргентина што беше планирано да се одигра во сабота во Ерусалим, со одлука на Аргентинскиот фудбалски сојуз нема да се одигра, објавија синоќа аргентинските медиуми.

 

„Поради закани и полемики околу состојбата во Палестина, натпреварот нема да се одржи. Селекторот Сампаоли бара да се одигра еден натпревар во Барселона“, објави аргентински спортски весник.

Фудбалерите на Аргентина во Барселона се подготвуваат за Светското првенство и утре требаше да отпатуваат во Израел на последниот подготвителен натпревар пред првенството во Русија.

Израел сакаше да го организира натпреварот во Ерусалим, што наиде на противење од Палестинците кои ваквата намера ја протолкуваа како „политичко оружје“. Палестинскиот фудбалски сојуз упати писмо до Аргентинскиот фудбалски сојуз во кое бара откажување на натпреварот.

Смртните закани против аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси и повиците од палестинска страна да се палат постери со ликот на Меси и негови дресови ако се одржи натпреварот беа повеќе од доволна причина за повлекување на Аргентинците.

Играчите побарале да не одат во Ерусалим

Шпански    весник пишува дека играчите се сретнале со претседателот на својот сојуз Клаудио Тапија и му ја соопштиле одлулата дека не сакаат да одат таму поради страв од насилство.

Околу 70 деца бегалци пратија писмо во кое наведуваат дека стадионот во западен Ерусалим каде требаше да се игра натпреварот е изграден на местото каде се наоѓало нивното срушено село.

Треба да знаете
Последни објави