Search

Диего Симеоне: Против Арсенал мораме да играме со срце

Фудбалерите на Атлетико Мадрид вечерва ќе се судрат со Арсенал пред своите навивачи на реванш натпреварот од полуфиналето во Лига Европа.

Атлетико Мадрид има поволен резултат од првиот натпревар кој што заврши нерешено, 1:1, но тренерот на екипата, Диего Симеоне е претпазлив.

„Постојат натпревари кои што се играат со срце, а ова е еден од нив. Потребно ни е на реваншот стадионот да експлодира и да имаме стравствена поддршка“, изјави Диего Симеоне и додаде:

„Секој од нас мора да биде на својот максимум, мораме да заборавиме на личните амбции и да размислуваме за тоа да бидеме добри како тим“, изјави Диего Симеоне.

Треба да знаете
Последни објави