Search

Обдукцијата откри како умрел несреќниот италијански репрезентативец

Капитенот на Фиорентина, 31-годишниот Давиде Астори, кој беше пронајден мртов во неделата во хотелска соба, умрел поради застој на работата на срцето, односно срцева аритмија, покажа обдукцијата.

 

Поради смртта на Астори одложени се сите средби од италијанското фудбалско првенство кои требаше да се одиграат во неделата, а УЕФА објави дека овонделените натпревари од Лигата на шампиони и Европската Лига ќе почнат со минута молк во спомен на Астори.

Фиорентина и Каљари одлучија да го „пензионираат” дресот со број 13 кој го носеше Астори во овие два клуба.

Погребот ќе биде одржан во четврток во Фиренца.

Треба да знаете
Последни објави