Search

Фудбалски скандал во Шпанија: Намерно губевме, обложувањето уништи сѐ

Фудбалерот на Депортиво Ињиго Лопез во изјава за шпанските медиуми потврди дека како играч на Хуеска имал договор да изгубат од Химнастика.

 

Шпанските служби неодамна отворија истрага поради основано сомнение за местење натпревари во првата и втората фудбалска лига, а еден од главните организатори бил поранешниот фудбалер на Реал Мадрид – Раул Браво.

Денеска јавно се произнесе уште еден поранешен играч на Хуеска, Ињиго Лопез кој сега го носи дресот на Депортиво.

„Изгубивме од Химнастика бидејќи таков беше договорот, а такви работи секогаш постојат во фудбалот. Кога ќе го погледнете распоредот на крајот на сезоната, си размислувате: ‘Добро, зошто да им отежнувам на луѓе на кои им требаат бодови?’ Така оди тоа и никој не зборува за тоа“, рече Лопез.

Потоа тој додаде дека според него, обложувањето го уништило фудбалот,

„Во фудбалот ова се случува долго време. Обложувањето едноставно уништи сѐ“, вели Лопез.

Шпанските власти моментално водат истрага против многу луѓе за замешаност во местењето натпревари, а наскоро треба да биде познат епилогот од случувањата.

Треба да знаете
Последни објави