Search

Струмица е старо-нов првак во одбојка

 Струмица ја освои титулата шампион на Македонија во одбојка по 11. пат, откако во финалната серија ја совлада со 3:1 во добиени натпревари екипата на Штип, која ги изненади во Купот. Промоцијата на струмичани во старо-нов првка беше на теренот на противникот, во Штип. Струмичани допатуваа со водство од 2:1 во добиени натпревари и ја добија меч-топката во серијалот кој прв до три победи. Струмица го доби денешниот натпревар со 3:1 во сетови. Гостите почнаа доминантно и го добија првиот сет со убедливи 25:15. Штипјани се кренаа во вториот сет, но струмичани со пресврт во финишот го добија и тој со 25:21 и поведоа со 2:0.

Струмица го почна одлично и третиот сет, но штипјани бодрени од домашната публика не се откажуваа, со голем пресврт го добија сетот со 25:21 и намалија на 2:1 во сетови. Сепак, не успеаа да направат и комплетен пресврт, Струмица со 25:17 беше подобра во четвртиот сет и ја завери победата и титулата со резултат 3:1.

Треба да знаете
Последни објави