Search

ФИФА не простува: Манчестер Сити го чека истата судбина како Челси

Неколку медиуми во Англија пренесуваат информација која би можела да зададе огромни проблеми во актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити.

Имено,јавуваат дека „граѓаните“ слично како Челси се соочуваат со забрана од регистрирање играчи во следните две години.

Причината е тоа што ФИФА утврдила низа нерегуларности во трансферите на младите фудбалери кои во минатото доаѓале во Манчестер Сити.

Клубот веќе се соочува со истрага против него по повод наводното кршење на правилата од Финансискиот Фер Плеј, па доколку се најде за виновен ќе добие и забрана за играње во Лигата на шампионите.

Доколку клубот од Манчестер добие две вакви ригорозно санкции ќе се најде во сериозни проблеми во следните две години во кои нема да може да регистрира нови играчи, а ќе биде исфрлен и од сите натпреварувања организирани под капата на УЕФА.

Треба да знаете
Последни објави