Search

Симеоне: Ништо не е готово, шансите се исти за двата тима

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, по големата победа над Јувентус со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, рече дека ништо не е готово и дека шансите за пласман во следната рунда се исти за двата тима.

 

– Бевме навистина силни. Ја водевме играта во вистинската насока за нас. Се чувствувавме удобно, создадовме шанси и на крајот постигнавме голови кои ни донесоа победа над многу, многу моќен противник. Тимот одлично одговори на поддршката на трибините. Ние разбираме дека во Торино ќе биде потребно да се издржи, бидејќи за мене, шансите на тимовите уште се еднакви. Сé уште не освоивме ништо. Ние сме соочени со одличен тим, изјави Симеоне.

Тој им се заблагодари на фудбалерите за големата пожртвуваност.

– Мојот тим демонстрира борбен дух. Најдоброто нешто што може да му се случи на спортистот е да биде во тим кој знае како да се бори. Момците се како браќа, нагласи предводникот на Атлетико.

Реваншот во Торино е закажан за 12 март.

Треба да знаете
Последни објави