Search

Саутемптон го отпушти Марк Хјуз

Челниците на премиерлигашот Саутемптон, два дена по нерешениот резултат (2:2) со Манчестер Јунајтед, му врачија отказ на тренерот Марк Хјуз.

Челниците на премиерлигашот Саутемптон, два дена по нерешениот резултат (2:2) со Манчестер Јунајтед, му врачија отказ на тренерот Марк Хјуз.

Клубот од „Сент Мери“ стадионот нема победа во првенството на последните десет натпревари, поради што се наоѓа на 18.позиција на табелата.

Од почетокот на сезоната Саутемптон има забележано само една победа. На 1.септември, во рамките на четвртото коло, Саутемптон победи, во Лондон, кај Кристал Палас со 2:0.

Саутемптон в среда ќе гостуваат кај Тотенхем, во рамките на 15.коло. На овој натпревар екипата ќе ја предводи досегашниот помошник на Хјуз, Келвин Дејвис.

Треба да знаете
Последни објави