Search

Роналдо: Недостасува Руни

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, посака повторно да заигра во ист тим со Вејн Руни. Според Португалецот, Руни е одличен фудбалер.

 

Напаѓачот во моментов настапува во американската МЛС за ДЦ Јунајтед.

Руни ќе го одигра 120-тиот натпревар за Англија на 15 ноември на „Вембли“ против САД.

„Силата на Руни лежи во неговиот карактер и физичката моќ. Тој никогаш не запира, постојано трча, обидувајќи се да му помогне на тимот. Неверојатен тимски играч, реализатор на многу голови. Секој во Англија го сакаше. Навистина фантастичен човек и одличен играч“, изјави Роналдо.

„Го нареков питбул. Сега ми недостига да играме заедно во ист тим. Можеби еден ден во иднина повторно ќе се случи тоа“, додаде Роналдо.

Последен пат Роналдо и Руни играа заедно во Манчестер Јунајтед пред осум години.

Треба да знаете
Последни објави