Search

Познато е кој ќе ја освои „Златната топка“

На почетокот на наредниот месец или поточно на трети декември ќе биде доделена најпрестижната награда во светот на фудбалот-тоа е „Златната топка“.

Доста кандидати се во игра за ова признание ,но неколку кандидати сосема оекувано се издвоија и се во најтесен круг за истата. Сепак и покрај тоа што ќе мораме да почекаме неколку дена за официјална информација на оваа тема, шпански медиум има сознанија дека наградата ќе заврши во рацете на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ кој со својата селекција дојде до второто место на мундијалот во Русија, а со Реал Мадрид триумфираше во ЛШ.

Лука веќе доби неколку признанија за најдобар во изминатава година, ама „Златната топка“ дефинитивно би била круна и заокружување на успесите.

Зад него според шпанскот медиум ќе биде Кристијано Роналдо кој пак најверојатно нема ни да се појави на свечената церемонија, додека третата позиција ќе биде резервирана за Антоан Гризман.

Треба да знаете
Последни објави