Search

Познати се четвртфиналните парови: Овие осум репрезентации ќе се борат за тронот

После вчерашниот натпревар помеѓу Англија и Колумбија дознавме кои репрезентации продолжуваат да се борат за пехарот.

Англија синоќа на пенали ја совлада Колумбија, а претходно во текот на вчерашниот ден Шведска славеше против Швајцарија со 1:1 и овие две репрезентации им се приклучија на познатите шест останати кои што обезбедија пласман во текот на изминатите неколку дена.

Уругвај, Франција, Бразил, Белгија, Шведска, Англија, Русија и Хрватска ја продолжуваат битката за тронот.

Првата голема битка е закажана за 6-ти јули во 16:00 часот кога ќе се судрат Уругвај и Франција, а истиот ден во 20:00 часот ќе се судрат Бразил и Белгија. Следниот ден, во сабота, во 16:00 часот се среќаваат Шведска и Англија, додека вечерниот термин е резервиран за домаќините и Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави