Search

Погба имал интересно предвидување: Знаев дека ќе се случи ова

По закажаното престојно коло кое е на програмата овој викенд, на сцена ќе стапат новите дуели во најелитното фудбалско натпреварување на Стариот континент, а тоа ќе ни донесе уште едно големо дерби меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед, со тоа што овојпат мечот ќе се одигра во Торино.

Овој натпревар дефинитивно ќе биде посебен за Пол Погба кој ќе се врати на стадионот на кој се прослави и каде успеа да се претсави како голема фудбалска ѕвезда, а токму на Французинот падна честа прв да го најави дербито кое наредната недела ќе се одигра на „Алијанц“ стадионот.

– Искрено, јас го очекував ова. Беше малку лудо, но му кажав на брат ми дека ќе играме со Јувентус во Лигата на шампионите пред ждрепката. Големо е задоволството за мене, Торино е мојот дом, таму го постигнав мојот прв професионален гол. Со Квадрадо, Дибала и Бонучи се уште сме во контакт, бевме како семејство и нормално е што го одржуваме односот. Научив многу во Јувентус, доволно е само да гледате играчи како Пирло, Буфон и Кјелини. Од нив се учи на секој тренинг, – вели Погба .

Треба да знаете
Последни објави