Search

Пирло: Јувентус има проблем со средниот ред

Фудбалерите на Јувентус беа елиминирани во четврт-финалето од Лигата на шампионите Ајакс, иако важеа за големи фаворити.

Откако Кристијано Роналдо пристигна во Јувентус минатото лето, многумина сметаа дека „Бјанконерите“ оваа сезона се најголеми фаворити во Лигата на шампионите. Сепак, торинскиот клуб приреди ново разочарување за своите фанови, а после елиминацијата од Ајакс, се огласи и Пирло и објасни каде е проблемот на Јувентус.

„Кога јас играв за Јувентус, ние имавме многу силен среден ред, а тоа беше основата на тимот, секако, заедно со добрата одбрана“, изјави Пирло и додаде:

„Некогаш сте добри во нападот, некогаш во одбраната, тешко е да имате комплетна екипа. Мислам дека во моментов Јувентус нема квалитет во средниот ред. Само Пјаниќ поседува врвен квалитет, а другите не се доволно добри. На Јувентус му недостасува играч како Иниеста“, изјави Пирло.

Треба да знаете
Последни објави