Search

„Перез сметаше дека Роналдо е преценет играч“

Кристијано Роналдо минатото лето одлучи да го напушти Реал Мадрид за околу 100 милиони евра.

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон откри интересен детал од 2008-ма година од преговорите со Манчестер Јунајтед за купувањето на Кристијано Роналдо.

„Кога ги започнавме преговорите во 2008-ма година, преговорите за малку ќе пропаднеа. Претседателот Флорентино Перез изјави дека Кристијано Роналдо е преценет“, изјав Рамон Калдерон и додаде:

„Роналдо не сфаќаше колку Флорентино се сомнева во неговите квалитети. Тоа траеше цели девет години. Перез не го почитуваше доволно Роналдо, без оглед на тоа што се направи за клубот“, изјави Рамон Калдерон.

Треба да знаете
Последни објави