Search

Нејмар со една изјава најави трансфер во Премиер лигата

Најскапиот светски фудбалер, Нејмар, на интересен начин на неговиот канал одговараше на најразлични прашања поставувани од сегашни но и поранешни фудбалери.

На прашањето на фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, дали би сакал да игра во Премиер лигата, Нејмар изјави дека верува дека секој голем играч барем еднаш во кариерата мора да заигра во Премиер лигата, меѓу редови најавувајќи дека ќе цели кон такво нешто во иднина.

– Тоа е големо натпреварување, едно од најдобрите во светот. Не знаеме што ќе се случи утре, но јас верувам дека секој голем играч, барем еднаш мора да заигра во Премиер лигата – изјави Нејмар.

Бразилецот се почесто се поврзува со заминување од редовите на ПСЖ со оглед на фактот што ни таму не е прва ѕвезда по неверојатниот блесок на Килијан Мбапе.

Треба да знаете
Последни објави