Search

Мурињо: Нема ништо да кажам против моите фудбалери

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не беше премногу разочаран после вчерашниот пораз од Манчестер Сити.

„Првите впечатоци? Загубивме, но бевме во игра до 80-та минута. Третиот гол го уби духот на екипата. Мислам дека премногу грешевме, но тоа е фудбалот“, изјави Жозе Мурињо и додаде:

„Ние во изминатата седмица изигравме три тешки натпревари и сите три беа на гостински терен, додека пак Сити одигра исто така три натпревари, но сите на домашен терен. Нашиот последен натпревар против Јувентус во Торино си го направи своето. Нема ништо да речам против моите фудбалери, се е позитивно. Јас сум со нив и тие се со мене“, изјави Мурињо.

После вчерашната победа од 3:1 над Јунајтед, Сити се искачи на првото место на табелата со 12 бодови повеќе од екипата на Манчестер Јунајтед која се наоѓа на разочарувачкото осмо место со 20 бодови.

Треба да знаете
Последни објави