Search

Модриќ ја посочи најсилната страна на Англија: Ќе мора да внимаваме на тој сегмент

Лука Модриќ беше единствениот играч на теренот кој во продолжението во четвртфиналето изгледаше потполно свеж и разигран како штотуку да започнал мечот, а благодарение на новото брилијантно издание кое го имаше, капитенот на Хрватите сосема заслужено беше избран за МВП на последното четвртфинале.

Модриќ успеа да го реализира пеналот и одигра круцијална улога во пласманот на „коцкестите“ во големо полуфинале, фаза од турнирот во која силите ќе ги одмерат со уште еден исклучително квалитетен тим, селекцијата на Англија. Англичаните, исто како и Хрватите едолго чекаа за еден ваков успех и се гладни за пламан во големото финале во Русија, а Модриќ е свесен дека тој и неговите соиграчи ќе мораат да бидат посебно внимателни при прекините, сегмент од играта во кој избраниците на Герет Саутгејт изгледаат доминантно и најдобро.

– Ја гледавме Англија и имавме можност да видиме колку се силни. Очекуваме многу тежок меч на кој ќе треба да одговориме најдобро што знаеме, секогаш е така на едно Светско првенство. Ќе се подготвиме најдобро што можеме. Видовме дека Англичаните се најсилни при прекините и дуел играта, ќе мора да се подобриме во тој сегмент бидејќи примивме таков гол од Русија. На тоа ќе треба посебно да внимаваме, тоа е нивната силна страна, – вели Модриќ.

Треба да знаете
Последни објави