Search

Модриќ затаил данок од два милиона евра

Шпанското обвинителство повело нова истрага против фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ. Модриќ затаил данок во износ од 1,2 милион евра. Тоа се случило пред шест години кога Хрватот го реализирал трансферот од Тотенхем во Реал.

Според власите, тој морал да плати данок за целата година иако во Шпанија во 2012 година минал само четири месеци.

Претходно веќе шпанското обвинителство води постапка против Модриќ дека во 2013 и 2014 година не платил данок во износ од 800.000 евра. Ова значи дека Модриќ вкупно затаил два милиона евра.

Тој е обвинет дека во Луксембург отворил фиктивна компанија, на која ѝ ги пренел своите маркетинг-права. Преку компанија, Модриќ во 2013 година затаил 290.000 евра, а во 2014 година 579.000 евра.

Модриќ преговара со шпанските власити за да избегне затворска казна.

Веројатно, и неговиот случај ќе заврши како и оние на Роналдо, Меси, Марсело, Алексис Санчез, Жозе Мурињо, Хавиер Маскерано… Сите се спогодија да ги платат казните и каматите и да добијат условни затворски казни помали од две години.

Треба да знаете
Последни објави