Search

Милик пропушти да го шокира „Енфилд“, Ливерпул го елиминира Наполи

Ливерпул го победи Наполи со 1:0, но таа минимална победа му беше доволна за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Двете екипи забележаа идентични победи, но Ливерпул има подобра гол-разлика и поради тоа го елиминираше Наполи во директниот дуел на „Енфилд“, дуел кој беше решен со голот на Мохамед Салах од 34. минута на средбата.

Наполи имаше неколку добри шанси, на спротивната страна Мане промаши два зицера, а највозбудливиот момент се случи во судиското продолжение кога резервистот Милик не успеа од само неколку метри да го совлада Алисон и се претвори во трагичар на италијанскиот тим на оваа средба.

Со победата во Белград против Црвена Звезда, ПСЖ го осигура првото место во групата, додека Ливерпул мора да се задоволи со втората позиција, а Наполи продолжува во Лига Европа.

Треба да знаете
Последни објави