Search

Манчини пристигна во Рома

Доскорешниот фудбалер на Атланта Џанлука Манчини (не е во роднинска врска со италијанскиот селектор Роберто Манчини) кариерата ќе ја продолжи во Рома, објавија италијанските медиуми.

Младиот дефанзивец успешно ги минал лекарските прегледи во Рим, а според медиумите тој потпишал пет годишен договор со „волчицата“. Италијанскиот репрезентативец доаѓа на местото на Костас Манолас кој замина во Наполи.

Рома за трансферот на Манчини ќе издвои 26 милиони евра.

Во досегашниот тек од преодниот рок челниците на Рома потрошиле 80 милиони евра на трансферите на Спинацола (Јувентус), голманот Пау Лопез (Бетис), Брајан Кристанте (Аталанта) и Амаду Дијавара (Наполи).

Италијанските медиуми пишуваат дека наскоро во Рома ќе пристигне и Белгиецот од Тотенхем, Тоби Алдерверелд.

Треба да знаете
Последни објави