Search

Легендарниот Енди Кол со тренерски ангажман: Ќе му помага на некогашниот лут ривал од Арсенал

Поранешниот легендарен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Енди Кол се поврзува со тимот на Маклесфилд Таун кој во моментов е воден од неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата на Англија, но и лут ривал од Арсенал, Сол Кембел.

Кембел лично испратил покана до Енди Кол да биде тренер на напаѓачите на овој тим кој се бори за опстанок во четвртата по ранг лига во Англија.

Откако ги надмина проблемите со бубрезите, Кол сака да се врати во фудбалот и веројатно ќе ја прифати понудата на Маклсфилд Таун каде ќе работи два пати неделно со напаѓачите на овој клуб.

Претходно, Кол има слично вакво искуство во МК Донс и Хадерсфилд Таун каде исто така ги тренираше напаѓачите по два дена во неделата.

Треба да знаете
Последни објави