Search

Компани ја донирал целата годишна плата за помош на бездомниците во Манчестер

Капитенот на Манчестер Сити ја воодушеви цела Англија откако одлучи да се откаже од својата годишна плата и да им помогне на бездомниците.

Компани потврди дека целата плата која што требало да ја добие оваа година, ќе ја донира во хуманитарни цели, односно за помош на бездомниците во Манчестер.

„Манчестер ми даде многу и време е барем малку да вратам. Благодарен сум на се што имам во животот и сакам да помогнам колку што можам. Многу луѓе имаат доста проблеми и дури немаат покрив над главата. Се надевам дека барем малку ќе успеам да им помогнам на бездомниците во Манчестер“, изјави Винсент Компани.

Компани исто така организираше и добротворна вечера на која што биле собрани 216 илјади фунти. Гери Линекер купил негов дрес за 13 илјади фунти и така учествувал во акцијата.

Треба да знаете
Последни објави