Search

Колку заработи Мурињо со отказот од Манчестер Јунајтед?

Само две и пол години откако пристигна во Манчестер, Жозе Мурињо си заминува од тренерската позиција на најтрофејниот англиски клуб. Но, не го направи тоа со празни џебови. Баш напротив, тој е далеку побогат отколку кога првпат седна на клупата на Манчестер Јунајтед.

Жозе Мурињо ја напушти позицијата на тренер на Манчестер Јунајтед помалку од 48 часа откако неговиот тим загуби на гостувањето кај Ливерпул со 3:1. Неговото отпуштање го чинеше раководството на Јунајтед колку едно солидно засилување, но тие инсистираа дека тимот ќе биде во подобра позиција ако му биде раскинат договорот на Португалецот.

Кога „Специјалниот“ го потпиша првиот договор со Манчестер Јунајтед, тој доби годишна плата од 24,2 милиони годишно, што во тој момент го направи најплатениот тренер во светот и двојно повеќе платен од неговиот колега од Манчестер, Пеп Гвардиола. Со продолжувањето на договорот кое го потпиша на почетокот на оваа сезона тој се согласи да заработува 18 милиони по сезона, што значи дека само од плата тој има заработено околу 57 милиони фунти од Манчестер Јунајтед.

Ако на тоа ја додадеме и сумата од 24 милиони фунти кои клубот мораше да му ги плати како оштета поради предвремено раскинување на договорот, доаѓаме до бројка од огромни 81 милион фунти кои англискиот гигант ги потроши на Мурињо во овие две и пол сезони. Згора на тоа, клубот мораше да му ја плати и хотелската сметка, која изнесуваше 60.000 фунти

Ако нешто мора да му се признае на Мурињо, тоа е дека тој знае да се избори за добар договор кој барем финансиски ќе ја обезбеди неговата иднина.

Треба да знаете
Последни објави