Search

Ковач: Ние ја дадовме најточната анализа за Ајакс, овој тим се разликува од сите останати по едно нешто!

Ајакс изрежира два неверојатно сензационални резултати во осминафиналето и четвртфиналето во Лигата на шампионите, елиминирајќи ги едни од главните фаворити за титулата во најелитното натпреварување, односно екипите на Реал Мадрид и Јувентус.

Холандскиот великан најпрво му пресуди на бранителот на титулата и тимот кој трипати во низа ја освојуваше Лигата на шампионите, а сега во четвртфиналето го кутна и неприкосновениот италијански првак. Ајакс прикажа страшен фудбал во Торино и можеше да слави многу повеќе од конечните 1:2, а навраќајќи се на сите резултати кои ги оствари во еминентното натпреварување оваа сезона, лесно може да се заклучи дека холандскиот тим веќе најави вакво нешто со своите две одлични изданија против Баерн Минхен.

Нико Ковач не штедеше комплименти за тимот на Тен Хаг по натпреварите во Германија и Холандија, а сега откако Ајакс се пласираше во полуфиналето, тренерот на Баерн Минхен уште еднаш ги испофали младите играчи кои се дел од холандскиот состав.

– Ние ја дадовме најточната анализа за Ајакс. Бевме во право кога кажавме дека овој тим е навистина динамичен и опасен. Ајакс е вистинско освежување во Европа, играат крајно атрактивен и динамичен фудбал и мило ми е што продолжија така и во нокаут фазата. Тактиката е една работа во фудбалот, а срцето е нешто сосема друго. Ајакс игра со срце, повеќе од било кој друг тим во Лигата на шампионите. По тоа се разликуваат од сите други, – порачува Хрватот.

Треба да знаете
Последни објави