Search

Кафу: Реал веќе го има новиот Роналдо

Славниот бразилски ас, Кафу кој своевремено се прослави играјќи за големи тимови во Европа направи анализа и му порача на Реал Мадрид да внимава на еден играч во своите редови, односно да се грижи затоа што тој може да биде новиот Кристијано Роналдо.

Добро е познато дека Роналдо по скоро една деценија си замина од Реал и се пресели во Јувентус, па сега „кралевите“ имаат доста проблеми за да го надокнадат неговото отсуство, квалитет и головите кои ги даваше во секоја сезона. Меѓутоа според Кафу, европскиот шампион веќе има завршена добра работа и во моментов треба да се фокусира на Винисиус Жуниор кој поседува се за да биде голема ѕвезда на „Бернабеу“.

– Винисиус ќе триумфира во Реал, ама се уште не е ѕвезда. Не може сегада биде споредуван со Кристијано Роналдо. Кристијано е Кристијано со сета историја што ја има во Реал, тука се освои. Винисиус има се за да ги следи неговите стапки. Може да биде новиот Роналдо, ама мора да се поти за да тоа се случи, – вели Кафу.

Треба да знаете
Последни објави