Search

Емери за Ремзи: Жал ми е што си заминува

Како што е познато, Арон Ремзи одлучи да не го продолжува договорот со Арсенал и по крајот на оваа сезона ќе го напушти лондонскиот клуб.

Арон Ремзи најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Јувентус каде што ќе се пресели по завршувањето на актуелната сезона.

„Ја почитувам неговата одлука, но можам да кажам дека ми е жал што си заминува затоа што игра одлично во последно време. Се однесува професионално, се уште е со нас и можам да забележам дека ништо се нема променето кога е во прашање неговиот пристап на тренинзите“, изјави Емери и додаде:

„Тоа е најважно и тоа го барам од него до самиот крај“, изјави Емери.

Треба да знаете
Последни објави