Search

Валверде отпиша еден играч: Повеќе никогаш нема да те селектирам!

Барселона во досегашниот тек на зимскиот преоден рок успеа да го доведе Џејсон Муриљо од редовите на Валенсија, а иако на големо се пренесува дека следно зимско засилување ќе биде младиот Тодибо, веќе станува јасно и кој играч е на излезни врати од „Камп Ноу“.

Раководството на Барселона е разочарано од однесувањето од игрчот кој беше вратен изминатово лето, или поточно од Мунир Ел Хадади кој поради отежнување на условите за продолжување на договорот, сега ќе добие „шут-карта“. Мунир ја одби понудата на Барселона за продолжување на соработката со цел каталонскиот гигант да добие одредена оштета во иден трансфер, а поради таквиот однос, го налутил и Ернесто Валверде кој стои зад интересите на клубот.

Тренерот на Барселона јасно му ставил до знаење на Мунир дека најдобро ќе биде да си замине уште во јануари, а доброинформираниот каталонски весник  ни ја откри и пораката која му ја испратил.

– Повеќе никогаш нема да те селектирам во тимот, – му порача Валверде на Мунир на последната средба, по која Барселона сериозно разгледува предвреме да го раскине договорот со фудбалерот кој најверојатно ќе ја добие улогата на слободен агент во наредните неколку дена.

Треба да знаете
Последни објави