Search

Барселона: Не преговараме со таткото на Нејмар

Од фудбалскиот клуб Барселона демантираат дека разговарале со таткото на Нејмар, околу можното враќање на Бразилецот на „Ноу Камп“.

Нејмар, во август 2017 година, за рекордни 222 милиони евра ја напушти Барселона и се пресели во Пари Сен Жермен.

Она што е интересно, од моментот кога замина во Париз не престануваат шпекулациите дека Нејмар има желба да се врати во Барселона или да ги засили редовите на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми редовно пишуваат дека таткото на Нејмар имал редовни контакти со челниците на Барселона.

„Не точно дека сме во контакт со таткото на Нејмар. Меѓутоа, тука не влегуваат разговорите кои се приватни. Нејмар е голем играч, но тоје е под договор со ПСЖ. Никогаш не преговараме со фудбалери што имаат договор со други екипи, еден од нив е и Нејмар. Тој донесе легитимна одлука да замине, одлука со која ние не се согласувавме. Тој има договор и обврски кон ПСЖ, ние сме сконцентрирани на нашите фудбалери“, изјавил портпаролот на Барселона.

Нејмар иако по заминувањето го тужеше клубот, често знае да се појави во Барселона и да ги посети поранешните соиграчи.

Треба да знаете
Последни објави