Search

Баерн пронајде замена за Ковач?

Како што тврди италијанскиот новинар Бруно Лонги, според неговите извори, Баерн Минхен наскоро ќе го ангажира сега веќе поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Според неговите информации, Алегри е премногу блиску до преселба на „Алијанц“ во Минхен, каде што ќе го замени Нико Ковач од кого не биле задоволни во управата на Баерн Минхен.

Од Баерн не сакаа премногу да зборуваат за тоа, па претседателот Ули Хенес накратко порача: „Не е вистинско време да разговараме за тоа“.

Сепак и германските медиуми се повеќе шпекулираат дека наскоро Ковач би можел да добие отказ, а доколку се случи тоа, сигурно е дека Алегри ќе биде еден од главните кандидати за клупата на Баерн Минхен.

Треба да знаете
Последни објави