Search

Атлетико го урна Јувентус,Cити победи кај Шалке

Атлетико Мадрид покажа сила на „Ванда Метрополитано“ и успеа да го урне големиот Јувентус, и тоа сосема заслужено ако се земе во предвид дека комплетно доминираше во првото полувреме.

Италијанскиот шампион не успеа да воспостави контрола во ниту еден момент од натпреварот, а тоа знаеја како да го искористат инспирираните домаќини понесени од пеколната атмосфера на стадионот. Вториот дел започна со голема шанса за Диего Коста, Гризман ја погоди гредата, а потоа беше поништен и гол на Алваро Мората. Сепак, сето ова не ги поколеба домаќините, па така Хименез искористи една голема мешаница за голема радост на „Ванда“. Ова се случи во 78-та минута, а само пет минути подоцна при една слична ситуација и карамбол, Годин погоди за 2:0. Овој расплет беше најдобра награда за Атлетико кој дефинитивно повеќе ја посакуваше победата на овој меч, па така сега со голема предност ќе патува на реваншот во Торино.

На вториот меч кој се одигра синоќа , Манчестер Сити и со играч помалку успеа да победи во Гелзенкирхен, а како многу важен се покажа голот на Лирој Сане за 2:2 против својот поранешен клуб. После него, гол постигна и Стерлинг кој го постави конечниот резултат (2:3), а претходно погоди Агуеро, односно Бенталеб кој двапати стрелаше од белата точка.

Треба да знаете
Последни објави