Search

Тренерот на Валенсија откри каква порака добил од расплаканиот Роналдо

Јувентус покажа класа и со 10 играчи на теренот победи на тешкото гостување на „Местаља“ против Валенсија, но покрај двата гола од пенал кој ги постигна Миралем Пјаниќ, овој натпревар од Лигата на шампионите ќе остане запаметен и по црвениот картон кој го доби Кристијано Роналдо.

Феликс Брих по препорака на својот асистент одлучи да го исклучи Португалецот, потег кој го фрли во неверица Роналдо кој потоа предизвика вистинска драма на теренот, проследена со солзи и гестикулации со кои бараше објаснување од судијата.

Португалецот беше навистина растревожен и со тешко срце го напушти теренот, а на пат кон соблекувалната, беше утешен и од противничиот тренер, Марселино Гарсија.

По натпреварот кој неговиот тим го загуби со 0:2, Марселино призна дека Јувентус е подобар тим од Валенсија, но откри и каква порака добил од расплаканата ѕвезда.

– Искрено, не го видов инцидентот на Роналдо со Муриљо. Но, може да кажам дека беше многу погоден од тоа што се случи, кога беше во моја близина плачеше и само ми порача дека не направил ништо лошо. Беше навистина чудна ситуација, не беше пријатно да се гледа во такво издание, – признава Марселино.

Треба да знаете
Последни објави