Search

Сега е официјално: Тјери Анри нов тренер на Монако

Француската легенда, Тјери Анри, од денеска е нов тренер на Монако, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори. Неговото назначување доаѓа по отпуштањето на досегашниот тренер Леонардо Жардим, поради лошите резултати од почетокот на сезоната.

 

Пред само две сезони Монако беше на врвот на францускиот фудбал – ја освои домашната лига и играше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Но, во лошиот старт на новата сезона овој тим успеа да оствари сам една победа по првите 9 натпревари, и сега се наоѓаат на 18-тото место во лигата.

Тјери Анри треба да биде спасителот на Монако, кој се наоѓа во незавидна ситуација во домашната лига. Французинот нема сениорско работно искуство како тренер, иако во изминатите две години беше асистент на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Белгија. Тој претходно беше поврзуван со слободното работно место на клупата на Астон Вила, но сепак се реши за Монако, каде веќе има изградено име како поранешен играч и клупска легенда.

„Имав среќа да добијам многу примамливи понуди во текот на последните неколку месеци, но Монако секогаш ќе ми остане драг клуб и поради тоа се решив да ја прифатам оваа работа“, изјави Анри.

Тешка задача се наоѓа пред Анри, кој треба да се осигура дека оваа сезона ќе заврши успешно за Монако, барем во рамките на она што останува можно. Засега тимот игра во многу лоша форма и навивачите веќе почнаа да стравуваат дека може да им се повтори испаѓање од лигата, како во сезоната 2010/2011.

Пред да започне со работата како асистент , Анри работеше како стручен коментатор во телевизија.

Треба да знаете
Последни објави