Skip to main content
Свет

Зеленски е подготвен за избори

09/12/2025  17:16

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е секогаш подготвен за избори, одговарајќи на претходната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Киев ја користи војната за да избегне избори“.

– „Секогаш сум подготвен за избори“, изјави Зеленски за италијанската „Република“, во кратка изјава додека го напушташе хотелот на пат кон Палатата Киџа, каде што треба да се сретне со италијанската премиерка џорџа Мелони. Зеленски додаде дека „и верува на Мелони во преговорите“ што се водат според американскиот мировен предлог за прекин на војната во Украина.

Претходно, Трамп изјави за „Политико“ дека е време да се одржат избори во Украина.