Skip to main content
Свет

Замрзнувањето на помошта на САД ги влошува условите на кампови во Сирија

07/02/2025  11:34

Хјуман рајтс воч предупреди дека суспензијата на американската помош може да ги влоши во камповите во кои се роднини на осомничени џихадисти на ИД во североисточна Сирија, повикувајќи го Вашингтон да ја продолжи поддршката.

„Суспензијата на американската влада на странската помош за невладините организации кои работат во овие кампови ги влошува условите опасни по живот, ризикувајќи понатамошна дестабилизација на несигурната безбедносна ситуација“, се вели во соопштението на ХРВ.