Skip to main content
Скопје

Стефковски: Дојавите за бомби во 10 училишта во Гази Баба се лажни

07/02/2025  11:34

Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба. Веднаш по примените дојави, училиштата согласно утврдените протоколи пријавиле во полиција, часовите беа прекинати, а учениците заедно со наставниците оддалечени на безбедно надвор од училиштата.

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски по информациите добиени од директорите, разговараше со надлежните институции кои веднаш превземаа активности за извршување на соодветни проверки по што беше утврдено дека се работи за лажни дојави.