Skip to main content
Македонија

Зајакнување на партнерството со Вермонт – македонската делегација се сретна со гувернерот Скот и го посети Универзитетот „Норвич”

29/07/2025  14:55

Делегацијата на Армијата и Министерството за одбрана која престојува во Вермонт, САД, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафичиски придружуван од државниот секретар во министерството, Елизабета Чуповска Ристова, во текот на вчерашниот ден оствари средба со гувернерот на оваа сојузна држава, Фил Скот на која присуствуваше и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

Во рамки на активностите македонската делегација оствари средба со командантот на Универзитетот „Норвич“, бригадниот генерал Вилијам МекКола при посетата на оваа воено високо образовна институција. Обнова на програмата за размена на студенти помеѓу Армијата и Универзитетот беше во фокусот на разговорот. Оваа програма одигра значајна улога во зајакнување на партнерство меѓу двете земји и во поддршка на професионалниот и академскиот развој на идните воени лидери. Таа останува клучен механизам во напорите за продлабочување на институционалните врски и унапредувањето на интероперативноста.

Во текот на денот, делегацијата го посети и Регионалниот центар за подготвеност и регионална технологија „Нортфилд“, каде беше презентиран ангажманот на овој центар  во доменот на информациски операции  и сајбер безбедноста  во нашата држава.

Во таа прилика, генералот Лафчиски истакна дека „искуството и експертизата на  центарот претставуваат уникатна можност за градење капацитети во оваа област“, имајќи предвид дека зајакнувањето на сајбер отпорноста е национален одбранбен приоритет кој е усогласен со принципите на колективна одбрана на НАТО и заложбата за сајбер одбрана на Алијансата.