Skip to main content
Балкан

Забрана за мобилни телефони во училиштата во Црна Гора

19/02/2025  16:40

Училишните одбори на основните и средните училишта во Црна Гора донесоа одлука за забрана за користење на мобилни телефони за време на наставата, соопшти Министерството за образование, наука и иновации (МПНИ).

Исто така, одлуката вклучува и посебни околности, како што се вонредни ситуации или здравствени причини, во кои учениците можат да го користат телефонот со одобрение на предметниот наставник или управата на училиштето, пишува Вијести.

Подготовка за спроведување на одлуката

МПНИ најави дека во соработка со училиштата во наредните денови ќе ги обезбеди потребните услови за практично спроведување на оваа одлука. Како што наведуваат, искуствата од други земји покажуваат дека укинувањето на мобилните телефони во училиштата позитивно влијае на резултатите на учениците во образовниот процес.