Skip to main content
Хроника

Возеле пијани и предизвикале сообраќајни незгоди, приведени двајца возачи

07/08/2025  10:11

На 06.08.2025 во 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(58) од Кочани. Околу 18:00 часот на ул.„Гоце Делчев” во Кочани, тој со возило „мерцедес” со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „форд” со кочански регистарски ознаки, а при вршење увид било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,93 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило” .