Skip to main content
Хроника

Во сообраќајка во Скопје тешко повреден моторџија

07/08/2025  18:21

Вчера околу 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Кемал Сејфула“ и ул.„Павле Илиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) од Скопје и мотоцикл „лонгија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(18) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.


Го препознаваш ли вистинското?