Skip to main content
Скопје

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

25/09/2026  10:09

На 27.09.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Здружение Атлетски клуб „Скопски Маратон“ Скопје, ќе се одржи улична атлетска трка, со траса на движење од ул.„9“ пред Домот на културата во општина Илинден, продолжува право по ул.„534“ во населба Илинден, потоа по ул.„532“ во с.Марино, по ул.„10“ во с.Кадино каде на кружниот тек се врти полукружно назад по истите улици – ул.„10“, ул.„532“, ул.„534“ и ул.„9“, па се продолжува по ул.„2“ се до Домот за стари лица каде се врти полукружно назад по ул.„2“ се до целта пред Домот на културата на ул.„9“ во населба Илинден.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.