Skip to main content
Свет

Во експлозија во Москва загина началникот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита

17/12/2024  08:10

Началникот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита, генерал-потполковник Игор Кирилов е меѓу загинатите во експлозијата што се случи рано денеска во Москва. Покрај него животот го загуби и неговиот помошник. Причина за експлозијата е активирање на експлозивна направа поставена во електричен скутер, соопшти Истражниот комитет на Русија.