Skip to main content
Балкан

Бомба фрлена врз куќата на директор на срспка државна компанија

25/11/2026  10:15

Експлозивна направа утрово била фрлена врз семејната куќа на директорот на компанијата „Про Тент“ во Обреновац, објавија српските медиуми. Во нападот нема повредени, но е причинета материјална штета.

Експлозијата се случила околу пет часот. Напаѓачот ја фрлил направата кон предниот дел на куќата, односно гаражата, по што побегнал. Од детонацијата бил оштетен дел од ѕидот и биле искршени прозорски стакла. n

На местото пристигнале полициски службеници, припадници на противдиверзионата единица и пожарникари, кои го изгаснале пожарот. Увид бил извршен и во присуство на дежурен јавен обвинител.

Сопственикот на куќата во првичните информации е наведен со иницијалите С.В. Засега не се објавени мотивот за нападот, идентитетот на напаѓачот и видот на употребената експлозивна направа.

Компанијата има речиси 8.000 вработени

PRO TENT е компанија во целосна сопственост на Република Србија. Основана е во 2003 година, а две години подоцна правата за основање биле префрлени на српската влада.

Компанијата првенствено се занимава со одржување на енергетски постројки, вклучувајќи термоелектрани, и обезбедува голем број услуги на Електростопанството на Србија. На крајот од минатата година, таа имаше 7.948 вработени.