
Во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево вечерва со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, во рамки на киното на отворено што го организира Општина Кисела Вода во соработка со Кинотеката на Македонија.
Присутните ќе имаат можност да погледнат филмска приказна инспирирана од вистински настани, во која ќе можат да уживаат во одличните улоги на Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Тони Михајловски и други.
Влезот за сите посетители е слободен.

