
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Паниката во СДС расте, а конфузното соопштение на СДС е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДС, мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања и тн.
Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај, СДС е партија без визија, без план и без стратегија за државата.
Дали раководството на СДС и Филипче воопшто знаат каде ја водат партијата? Има ли компас во СДС?
СДС да престане со лагите и конструкциите поради стравот и дебаклот во сопствената партија.
Политичкиот талог, создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и погубни политики, денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет. Граѓаните добро паметат кој ја задолжуваше државата, кој ја понижуваше и кој ја доведе до најниско ниво на доверба. Затоа СДС е на маргините на политичкиот спектар.
Истите тие предавници што тајно преговараа и носеа одлуки на штета на Македонија, денес држат лекции за патриотизам и транспарентност. Граѓаните добро знаат кој ветуваше европска иднина а остави разочарување, поделби и лаги.
За крај, обидот на СДС за поврзување со било какви насилни инциденти е срамен и неодговорен. Ако СДС има докази, нека ги достави до надлежните институции. Во спротивно, станува збор за груба манипулација и политичка злоупотреба на јавноста.
СДС и Филипче немаат ниту идеи, ниту стратегија, ниту пак кредибилитет.



