Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

14/10/2025  09:30

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДС, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството.

Дали Спасовски ја спасил Пулс од казна и која е неговата улога во аферата?

До кога ќе молчи ЈО и Коцевски?

Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?

Одговорност мора да има за секој кој е инволвиран во случајот со дискотеката Пулс. Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството.

Секој сомнеж мора да биде расчистен. Секој кој е вмешан во случајот треба да се санкционира. Да се стави крај на заштита на привилегираните функционери на СДС и ДУИ. Време е за владеење на правото и правдата.