
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Дали има нешто во кое не се вмешани Заев и Филипче? За случајот со Ива Михаилова, доктор Барбов призна дека добивал повици за пациенти од Заев, а дали можеби сега, за случајот со Ива, добил и од Филипче?
Барбов потврди дека продавал магла за случајот со Ива Михаилова. И потврди дека е уште еден медицински профитер од мозаикот на криминалното дуо Заев-Филипче.
Инаку, за Иван Барбов малку повеќе. Стејт департментот на САД смета дека е контроверзно лице, а е и осуден во случај поврзан со злоупотреби за остварување право на инвалидски пензии.
Невозможно е некој да ги потцени во нивните контроверзни шеми, оти веднаш ќе се спротивстават и ќе излезе нешто во јавноста за нив и лица како Барбов, поврзани со нив, никнуваат од сите страни.

Надлежните органи треба детално да го истражат случајот.

