Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија

17/11/2025  10:39

Соопштение на ВЛЕН:

Изработката на новиот Кривичен законик бара длабинска анализа, професионално усогласување и вклучување на најдобрата правна експертиза, поради што ВЛЕН поддржува одговорен пристап заснован на европските принципи. Нашиот пристап е јасен: на земјата ѝ е потребен современ Кривичен законик, изграден врз принципот на еднаквост пред законот и со реален капацитет да обезбеди ефикасно казнување за корупција и злоупотреба на моќ.

ВЛЕН беше првиот што побара зголемена одговорност за корупција на високо ниво, преку уставен амандман. Нашиот приоритет е едноставен, кривичен систем што ги штити граѓаните и правдата, а не оние што со години го користеа законот за да се исчистат од скандали.