Skip to main content
Македонија

Викендов почнува зимското сметање на времето

23/10/2025  11:40

Оваа година преминот на зимско сметање на времето ќе се изврши во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 кон 26 октомври 2025 година. Во 3 часот по полноќ, стрелките ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот.

Причината за ова „поместување“ лежи во правилото дека зимското сметање на времето секогаш започнува последниот викенд од октомври. Бидејќи секоја година календарот паѓа различно, така се менува и точниот датум.