Skip to main content
Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа

13/02/2025  13:25

На 12.02.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Миладиновци – с.Текија, скопско, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од с.Дељадровце, скопско, удрило во велосипед управуван од Н.А.(69) од с.Миладиновци, информира МВР.