Skip to main content
Скопје

Улица во Ѓорче Петров утре ќе биде целосно затворена поради градежни работи

04/07/2025  13:02

На улицата „Волковска“ во Општина Ѓорче Петров ќе се вршат градежни активности за вградување на завршен асфалтен слој.

Како резултат на затворањето, автобуската линија бр. 22 ќе сообраќа до „Блага Вода“ согласно возниот ред на ЈСП, а од „Блага Вода“ до последната станица на 22-ката, во двата правци, превозот ќе биде организиран со комбиња.

„Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање и ги повикуваме да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и насоките од надлежните служби за време на изведбата на градежните работи“, велат од Општината.